Климатизирано
Климатизирано
ТВ
Wi-Fi
Поглед кон градот
Минибар
Кафе/чај апарат
Сместен во срцето на Кочани, Хотел City IN е хотел кој нуди модерни соби, бесплатен WiFi, бар и бесплатен паркинг. Во склоп на хотелот има Lounge Bar со широк избор на пијалоци и вкусна интернационална храна . Хотел City IN е сместен во Кочани на околу 1 минута од пешачката зона. Сите соби се климатизирани и имаат смарт ТВ, мини бар и простор за седење. Со скоп на собата има бања која е опремена со туш и фен, како и дополнителни тоалети. Секојдневно, во склоп на барот се служи континентален доручек. Хотелот располага со приватен паркинг, а исто така овозможува и рент а кар услуга. Меѓународниот аеродром Скопје е на 85 км од хотелот Сити ИН.
Нашите собиSuperior Queen Room
Уживајте во пространата Superior Queen Room (30m 2) која е целосно опремена и го обезбедува целиот луксуз и удобност што може да ги очекувате
од: 3600 ден. / по соба
Deluxe Double Room
Deluxe double соба (2 лица), модерна соба со брачен кревет 180х200,
Собата обезбедува целосна удобност
од: 3000 ден. / по соба
Standard Double Room
Во нашиот хотел не постои мала соба, едноставна и убава во исто време, оваа соба ќе направи да се чувствувате среќно и удобно
од: 2400 ден. / по соба
Да ви ја претставиме вашата следна локација за успешно организиран (бизнис,деловен) настан! Без разлика дали сте организатор на голема или мала конференција или настан, нашиот тим може да ви помогне да ја направите совршена. Бидете домаќин на извршни ВИП состаноци во нашата софистицирана конференциска сала. Презентирајте успешно со врвна технологија и брз интернет пристап. Освежете ги вашите гости со закуски и оброци, подготвени од угостителскиот тим.
Резервирај
Јави се: +389 33 270 338Напијте се од вкусните и свежо приготвени коктели направени од страна на врвни бармени, додека талентираните готвачи подготвуваат иновативна храна во кујната на нашиот препознатлив lounge bar во склоп на хотелот. Уживајте во интернационалната и локална кујна за појадок, ручек или вечера во нашиот lounge bar или пијте пијалок на терасата.